ТФТ со лесен триумф над Ангели

Кошаркарите на ТФТ ја продолжија победничката серија во Супер-лигата, откако во рамките од 17. коло ја совладаа екипата на Ангели со 95-66 на гостински терен.

Победникот беше решен многу порано, а лидерот на табелата ги доби во своја корист сите четири четвртини, а како одминуваше крајот, само додаваа „гас“, за на крај да слават со највисока разлика од +29.

Ташовски со 23 поени беше најефикасен кај победничкиот состав, додека Ренд кај Ангели постигна 18 поени.

Се вчитува...