Чаир 2030 ја доби драмата со Работнички

Кошаркарите на Чаир 2030 со 75-73 ја совладаа екипата на Работнички, благодарение на одличната игра во последната четвртина. Првите три четвртини ги добија гостите, но во последниот период влегоа со предност четири поени разлика, но сето тоа беше анулирано во последниот период кој го добија домашните кошаркари.

На крајот во последните секунди, Чаир промаши слободно за предност од +3, а потоа Работнички имаше два пати можност да дојде барем до „егал“, но најпрво Чаир се одбрани со блокада, а потоа и промашување од страна на гостите, па славјето за домашните можеше да почне.

Залудно беше одличната партија на Виктор Ефремовски кој уфрли 22 поени. Крисниан кај Чаир со 17 коша беше најефикасен.

Се вчитува...