ГРК Охрид е последниот патник на Ф4 турнирот во Купот на Македонија

Ракометарите на Охрид се последните патници на Ф4 турнирот во најмасовното натпреварување во Македонија, Националниот куп. Во групата на која беа домаќини охриѓани вечерва во финалето славеа против МРК Куманово со 35-18.

Домаќините тргнаа фуриозно уште од самиот старт на натпреварот и веќе на пауза имаа двојно повеќе постигнати погодоци од противникот 16-8. До крајот разликата само се зголемуваше за конечен триумф од 35-18.

Очекувано пред почетокот на четвртфиналните групи, покрај ГРК Охрид  на Ф4 турнирот ќе се најдат и преостанатите фаворити Вардар, Е. Пелистер и Алкалоид.

Се вчитува...