Поранешниот фудбалер на Струга ТЛ, Сава Радиќ направи херојски гест на Малта, каде што во моментов игра за тимот на Валета.
Тој во рамките нд натпревар од Купот против Хамрун, му го спаси животот на противничкиот фудбалер, Матијас Гарсија. Во драматичниот момент Гарсија се судри со еден од играчите на Валета, по што падна како покосен на тревата.
Радиќ веднаш му пружи помош, успеа да му го извади јазикот и така да го спаси да не се угуши.
„Се обидов да му ја отворам устата, но тоа беше тешко. Некако успеав, и видов дека јазикот му е „паднат“. Успеав да го наместам јазикот и така тој почна да дише“, рече Радиќ.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

