Потоп од „минус 68“ на кошаркарките во Данска

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа дебакл на гостувањето кај Данска каде загуби со со 68 поени разлика (125-57) во натпревар од четвртото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.

Домаќините на овој меч фуриозно го отворија натпреварот и веќе на полувреме имаа огромна предност од 56-33. Во вториот дел Данска само ја зголемуваше предноста која на крајот стигна до огромни 68 поени (125-57).

Мерит Хемп со 27 поени беше единствена на ниво во нашиот табор, додека кај победникот Алберте Римдал постигна 22 поени.

Се вчитува...