Новиот македонски селектор Гоце Седлоски за престојните два бараж-натпревари од плејофот за пласман на Светското првенство 2026, според последните информации, планира неколку нови имиња кои треба да донесат свежина во играчките редови на националниот тим.
Тетовска Шкендија веќе објави дека повик за мартовските репрезентативни натпревар од нивниот тим ќе има за дефанзивецот Имран Фетаи, како и за веќе стандардниот во репрезентацијата Решат Рамадани.

За Фетаи тоа ќе биде деби повик во А-репрезентацијата, додека Рамадани своето деби во националниот тим веќе го имаше под палката на Боби Милевски.
Според нашите информации, за мартовските дуели враќање во националниот тим ќе има за Љупче Дориев кој игра во узбекистанскиот шампионат, како и за напаѓачот од САД, Дени Мусовски кој го прифати повикот да настапува во македонскиот дрес.
Разговарано е и за деби повик за Колумбиецот со македонски пасош, левокрилниот дефанзивец Себастијан Херера кој е капитен на шампионот на БиХ, Борац Бања Лука.
Македонија полуфиналниот бараж за СП 2026 го игра против Данска на 26 март во Копенхаген, а потоа на 31 март ќе се соочи со Ирска или со Чешка на 31 март во Даблин или Прага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

