Јувентус сака да направи нов тим за следната сезона, а „ремонтот“ ќе почне од голманската позиција. Според информациите, „бјанконерите“ сакаат да најдат решение за најболната точка во тимот, со оглед дека сезонава Ди Грегорио не брани според очекувањата, а ниту неговата замена Перин немаше сјајни партии.
Затоа е се поизвесно дека во Торино ќе дојде нов голман, а согласно најавите се очекува Јувентус да тргне по услугите на голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез. Мартинез и на крајот од минатата сезона беше пред заминување откако се збогуваше со навивачите, но на општо изненадување, остана на „Вила Парк“ и во оваа сезона.
Мартинез од 2020 година е дел од Астон Вила, а претходно беше дел од Арсенал. Актуелниот договор му истекува во 2029 година. Од почетокот на оваа сезона во 30 настапи, прими 34 голови. Во моментов се проценува на околу 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

