Шмајхел откажа, Данска со „ремонт“ во одбраната против Македонија

Данскиот селектор е принуден на сериозни промени во составот за претстојниот бараж против Македонија, пишуваат скандинавските медиуми во пресрет на официјалното објавување на списокот предвидено за 26 март.

Селекторот Брајан Ример е свесен за големината на предизвикот, особено откако првиот голман Каспер Шмајхел поради повреда го откажа настапот за овој дуел. Тој нема настапено цел месец во дресот на Селтик, состојбата не му се подобрува, па искусниот чувар на мрежата ќе го пропушти и мартовскиот бараж со Македонија.

Најголем ремонт се очекува во одбраната, каде Ример ќе мора да ги промени речиси сите фудбалери. На последниот квалификациски меч со Шкотска данскиот селектор почна со Шмајхел на голот, а во одбраната беа Нилсен Кристенсен, Андерсен, Андреас Кристенен и Патрик Доргу.

Доргу и Андреас Кристенсен поради повреди на клупски план веќе подолго време се надвор од терените, додека Јоаким Андерсен и Расмус Нилсен Кристенсен нема да можат да настапат на 26 март поради суспензии.

„Ќе мораме да менуваме… не можам да се сетам дали некогаш репрезентацијата била во ваква ситуација, да мора да почне со нов голман и целосно роменета одбрана. Би лажел ако кажам дека тоа нема да се одрази врз нашата игра, но верувам дека ќе одговориме на тој предизвик“, истакна данскиот селектор.

Се вчитува...