Јунајтед без одлука: Карик мора уште да се докажува

Мајкл Карик успеа да го разбуди Манчестер јунајтед кој играше катастрофално под водство на Рубен Аморим, но долгорочната иднина на поранешниот англиски репрезентативец на „Олд Трафорд“ воопшто не е сигурна.

Актуелниот договор е со важност до крајот на сезонава, а информациите дека преговорите за продолжување на соработката со во завршна фаза сепак се далеку од вистината. Извори од „Олд Трафорд“ тврдат дека ваков вид на преговори воопшто не се стартувани, камоли да се финишираат.

Причина  – ставот на управата да го почека финишот на сезоната за да се види дали Карик ќе го овозможи она што му беше наведено како примарна цел – да обезбеди учество во Лигата на Шампионите за наредната сезона. Тој почна одлично, но променливите игри во последно време придонесоа Јунајтед да не е така сигурен во трката за Топ 5.

Токму поради тоа, Сер Џим Ретклиф реши да почека пред воопшто да му понуди нов тригодишен договор на сегашниот привремен тренер. Карик не крие дека сака да остане, така што финансиите не би требало да бидат никаков проблем. Само Јунајтед да стигне до билет за ЛШ за сезоната 2026/27.

Се вчитува...