Тажна вест: Почина спортскиот директор на КК Гостивар, Ѓорѓи Божиноски

Македонската кошарка денеска остана посиромашна за еден голем вљубеник и ентузијаст, човек кој беше еден од иницијаторите на успешната приказна КК Гостивар што трае со години наназад.

Ѓорѓи Божиноски, еден од основачите на клубот кој воедно ја извршуваше и функцијата спортски директор, почина денеска, објавија гостиварци.

Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Ѓорѓи Божиноски – спортски директор, еден од основачите на нашиот клуб.

“Ѓорѓи беше човек кој остави длабока трага во спортот и во заедницата. Со својата посветеност, визија и огромна љубов кон клубот, тој беше еден од темелите врз кои се градеше нашата приказна. Неговиот труд, енергија и поддршка ќе останат засекогаш дел од историјата на клубот.

Покрај спортот, Ѓорѓи беше почитуван и како долгогодишен директор во ЕСМ Гостивар, каде со својата работа и професионалност придонесе за развојот на институцијата и за доброто на градот.

Ќе го паметиме како човек со големо срце, искрен пријател и вистински спортски работник.

Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите кои го познаваа.

Нека почива во мир.

Слава му.

Се вчитува...