Непријатна ситуација го одбележа натпреварот од 23. коло од кошаркарското првенство во Хрватска, меѓу Кварнер и Сплит во салата на Замет, кој заврши со победа на домашната екипа од 104-99.
Фаталниот момент се случи две минути пред крајот на втората четвртина при резултат 48-47 за домашната екипа. Сплит имаше напад, а Вигинс силно ја заби топката, но она што следеше беше речиси неверојатна сцена. Додека Американецот се држеше за обрачот, целата структура на кошот падна врз него.
За негова среќа, само обрачот го „покри“, а не и плочата, а евентуалната повреда во тој случај можеше да биде и тоа како фатална. Така Вигинс, лежејќи на подот, се лизна во последен момент, а структурата само го допре.
Играчите на двата тима, тренерите и службените лица веднаш му притрчаа на помош на Вигинс, и за среќа сè заврши без повреди. Натпреварот беше накратко прекинат, а интересно е што Вигинс беше најефикасен поединец на средбата до тој момент со 14 поени, пет скока и четири асистенции.
- Непријатната ситуација може да ја погледнете на временскиот исечок – 2:07…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

