Каква шлаканица за Ливерпул: Тотенхем до бод на „Енфилд“

Катастрофалната сезона на Ливерпул го допре дното откако „црвените“ вечерва ремизираа 1-1 на домашен терен против Тотенхем, тимот што е во најслаба форма во Премиер-лигата во 2026 година, а згора на тоа на „Енфилд“ дојде без дури 13 повредени фудбалери.

Арне Слот реши да експериментира и да ги одмори Салах, Екитике, Керкез, Конате… но и во таква ситуација Ливерпул имаше предност со евроголот на Собослаи од слободен удар.

Гакпо го погоди дирекот пред крајот на првиот дел, во вториот дел влегоа и Салах и Екитике, но нивните промашувања беа казнети во 90. минута, кога Ришарлисон одлично се снајде и го матираше сонародникот Алисон Бекер во 90. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...