Жесток напад на Вирц – „Уште ова ако не успее, нека си оди од Ливерпул!“

Големиот трансфер на Флоријан Вирц во Ливерпул минатото лето предизвика огромни очекувања, но се чини дека германскиот репрезентативец сè уште не го оправдал епитетот на едно од најскапите засилувања во историјата на клубот.

Вирц пристигна на „Енфилд“ од Баер Леверкузен за повеќе од 100 милиони фунти, станувајќи рекордно засилување на Ливерпул, но почетокот на неговиот престој во Премиерлигата не помина како што многумина се надеваа.

Поради ова, се појавија првите сериозни критики, а поранешниот фудбалер и сегашен аналитичар Крег Барли беше особено остар.

„Да престанеме да си играме со Флоријан Вирц. Уморен сум од тоа. Она што го правеше во Германија – го правеше во Германија. Тоа е минато. Изгледа неверојатно лесно и немоќно во овој тим на Ливерпул“, рече Барли, и додава:

„Ако нема голови, тогаш каде се додавањата? Каде се оние дриблинзи низ три или четири играчи како што правеше во Леверкузен? Каде е тоа сега?“.

Барли отиде чекор понатаму и предупреди дека Ливерпул може да биде принуден да донесе радикална одлука ако ситуацијата не се промени.

„На крајот, тој веројатно ќе игра најдобро како „десетка“, но ако тоа не се случи – Ливерпул ќе мора да го продаде. Досега, тој е неуспешна инвестиција оваа сезона“, заклучи Барли.

Сепак, многумина веруваат дека е прерано да се извлечат такви заклучоци бидејќи Вирц е сè уште многу млад играч кој сè уште се прилагодува на барањата на Премиерлигата, а Ливерпул верува дека тој со време ќе покаже зошто се смета за еден од најголемите таленти во европскиот фудбал.

Во тековната сезона, Германецот постигна шест гола со осум асистенции на 37 натпревари, но дефинитивно е далеку од натпреварите што ги одигра во Леверкузен, во дресот на Баер со кој беше шампион на Германија.

Се вчитува...