Бруно Фернандеш го надмина големиот Дејвид Бекам

Бруно Фернандеш повторно е херој на Манчестер Јунајтед. Иако не постигна гол, тој повторно забележа две асистенции во победата од 3:1 над Астон Вила.

Бруно со тоа стигна до својата 16-та асистенција во оваа сезона во Премиер лигата, со што го надмина рекордот поставен од Дејвид Бекам. Во сезоната 1999/2000 во дресот на Јунајтед, тој регистрираше 15 лигашки асистенции, што до вчера беше рекорд на тимот од „Олд Трафорд“.

Бруно не го крие задоволството што ја пишува историјата на Јунајтед.

„Дали имам најмногу асистенции во дресот на Јунајтед во една сезона? За мене, најважно е да бидеме на врвот до крајот на сезоната“, рече Бруно.

Инаку, на таа листа, Бруно е прв со 16, Бекам е втор со 15, додека неговиот сонародник Нани има 14 асистенции во сезоната 2010/11.

Се вчитува...