УЕФА го казни Челси поради „гревовите“ на Абрамович

Премиерлигата го казни Челси со 10,75 милиони фунти и едногодишна забрана за трансфери, која беше заменета со двегодишна условна казна. Покрај тоа, им беше забрането и трансфер од академиите девет месеци.

Казната веројатно ќе беше многу построга доколку Челси не ги пријави неправилностите. Новите сопственици, за време на процесот на преземање на клубот, ги забележаа неправилностите и ги пријавија во Премиерлигата, Фудбалската асоцијација на Англија и УЕФА.

Премиерлигата започна истрага за тајните плаќања што Челси ги извршил помеѓу 2011 и 2018 година. Истражени се вкупно 74 прекршоци. Меѓу другото, нелегални плаќања на агенти, финансирање од трети страни и плаќања на посредници.

Се вчитува...