Данците утре ќе го објават списокот на фудбалери за баражот со Македонија, но јасно е дека стручниот штаб се соочува со сериозни проблеми.
Голманската позиција ќе претставува посебен проблем, Каспер Шмајхел е повреден и не настапува за Селтик повеќе од еден месец, а згора на тоа се повреди и Филип Јоргенсен, кој вообичаено го менуваше Шмајхел кога ветеранот беше повреден.
Чуварот на мрежата на Челси се посрамоти на дуелот од ЛШ против ПСЖ, потоа не бранеше против Њукасл викендов, а менаџерот Лијам Росениор обелодени дека Јоргенсен е повреден.
„Јоргенсен нема да биде во комбинација за реваншот со ЛШ. Се пожали на болка во мускулот по првиот дуел со ПСЖ, а деталните прегледи ќе треба да покажат колку ќе отсуствува од терените“, изјави Росениор.
Во ситуација кога дуелот со Македонија е закажан за десет дена, тешко е да се поверува дека тој ќе може експресно да се опорави од незгодната повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

