Неверојатна вест пристигнува вечерва од Африка, каде Мароко е именуван за нов континентален првак иако Мароканците во големото финале беа поразени од Сенегал.
За потсетување, дуелот беше крајно контроверзен откако беше досуден пенал за Мароко во последните секунди, Сенегалците бесни го напуштија теренот, но кога се вратија Брахим Дијаз промаши со паненка, финалето беше решено во продолжение во кое Сенегал славеше со 1-0.
За жал, фудбалски меч повторно беше решен на зелена маса, па Африканската Фудбалска Федерација вечерва изненади многумина со одлуката – финалето да биде пререгистрирано со службени 3-0 за Мароко.
Во објаснувањето е наведено дека е прифатена жалбата на Мароканците, за службено да го добијат мечот откако противникот го напуштил теренот во знак на протест. Бидејќи Сенегалците повеќе од 10 минути биле надвор од теренот, донесена е одлука за промена на конечниот исход и доделување на титулата на Мароко.
Ова веќе дефинитивно нема никаква врска со фудбал…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

