Спортската јавност во Србија беше потресена по информацијата дека Душко Вујошевиќ беше итно хоспитализиран, по што постоеја сериозни стравувања дека телото му го отфрла бубрегот што му беше трансплантиран на трофејниот стратег пред повеќе од една година.
Екс-тренерот на Партизан беше примен во сериозна состојба, а последните информации од српските медиуми велат дека Вујошевиќ излегол како победник од првата битка.
Информациите од северниот сосед велат дека состојбата на Вујошевиќ е далеку подобра од денот кога тој бил итно примен во клиниката, но лекарите засега се воздражани при давањето на нешто подолгорочни прогнози за здравјето на кошаркарскиот стратег.
Тој се чувствува далеку подобро, а кај сите постои оптимизам дека Вујошевиќ ќе победи и во оваа тешка битка и за најмногу десетина дена ќе излезе од клиниката во Белград и ќе се врати на секојдневниот живот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

