Фудбалската репрезентација на Иран ќе игра на Светското првенство. Одлуката ја потврди првиот човек на Иранската асоцијација, Мехди Таџ.
Иран нема да се откаже од Светското првенство ова лето без оглед на фактот дека е во војна со САД и Израел. Ова денес го потврди и Фудбалската асоцијација на оваа земја.
„Ќе ги започнеме подготовките за Светското првенство. Нашиот тренинг камп ќе биде во Турција, каде што ќе одиграме два пријателски натпревари“, рече првиот човек на иранската фудбалска репрезентација, Мехди Таџ, и додаде:
„Ќе ги бојкотираме САД, но нема да го бојкотираме Светското првенство. Во секој случај ќе патуваме на Мундијалот“.
Иран требаше да ги игра сите три натпревари во САД. Два натпревари, против Нов Зеланд и Белгија, се закажани во Лос Анџелес, и дуел против Египет во Сиетл.
Иранците побараа нивните натпревари да бидат преместени во Мексико. ФИФА го отфрли тоа барање поради низа компликации што доаѓаат со ненадејна промена на локацијата, но таа одлука не е конечна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

