Екипата на Ливерпул загуби и од Брајтон во 31. коло од Премиерлигата со 2-1, и уште еднаш ги разочара своите фанови. Сега „црвените“ се оддалечија од првите четири места кои носат во Лигата на шампионите.
Херој на Брајтон беше Дани Велбек, кој постигна два гола. Најпрво во 14. минута донесе предност за домашниот тим.
Керкез во 30. минута ја искористи големата грешка на одбраната на домашните, и успеа да го лобува голманот и да израмни.
Сепак, Велбек во 56. минута прими одлично додавање, и го совлада уште еднаш Мамардашвили, за предност која беше задржана до крајот и голема победа за Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

