„Аларм“ во Ливерпул: Покрај поразот, се повреди и единствениот здрав голгетер

Брајтон се вратија во горниот дел на табелата во англиската Премиер лига благодарение на победата од 2-1 на домашен терен против актуелниот шампион Ливерпул во натпреварот од 31-то коло.

Двата гола за Брајтон ги постигна Велбек (14, 56), додека стрелец за Ливерпул беше Керкез (30). Брајтон скокна за четири места на табелата и сега е осми со 43 бода, шест зад петтопласираниот Ливерпул. Арсенал води со 70 бода, девет зад второпласираниот Манчестер Сити со натпревар помалку.

Навивачите на Ливерпул покрај поради поразот, се дополнително загрижени и за сериозната повреда на Уго Екитике во шестата минута. Тој го свитка зклобот, а првичната прогноза не е добра ниту за него, ниту за клубот, ниту за навивачите на француската репрезентација три месеци пред Светското првенство.

Дополнителните лекарски прегледи ќе покажат колку се сериозна повредата на напаѓачот. Ова е сериозен удар на Ливерпул, ако се има во предвид дека ова беше единствениот здрав шпиц, со оглед дека одамна е повреден Александар Исак. Сега се очекува во шпицот да игра Коди Гакпо.

Се вчитува...