Челси доживеа бламажа на гостувањето кај Евертон во мечот од 31. коло во Премиерлигата. На крајот домашните славеа триумф со 3-0, и му се доближија на својот ривал на два бода на табелата.
Лондонскиот тим не личеше на себе во овој натпревар, па Евертон со голот на Бето во 33. минута поведе. Потоа Челси имаше шанса, но феноманална одбрана запиша Пикфорд.
Истиот играч во 62. минута зголеми на 2-0, а херојот Бето во 76. минута асистираше до Ндиаје за трет гол во мрежата на Санчез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

