Циркус: Роналдо како Леброн ќе игра со синот во Ал Наср

Светот на фудбалот е на прагот на историски момент кој долго се најавуваше. Саудискиот гигант Ал-Наср официјално ја разгледува можноста за промоција на Кристијано Роналдо Јуниор во својот прв тим, потег што би овозможил младиот талент да заигра рамо до рамо со својот славен татко.

Стручниот штаб на клубот е импресиониран од напредокот и физичката подготвеност на 15-годишниот фудбалер, кој веќе доминира во младинските категории. Одлуката за негово приклучување кон сениорите доаѓа воажен момент, веднаш откако Кристијано Роналдо го потврди своето останување во клубот до летото 2027 година.

Ова ќе биде нов ваков случај во светот на спортот откако веќе неколку сезони Леброн Џејмс игра заедно со својот син Брони во Лос Анџелес лејкерс.

Се вчитува...