Ракометниот клуб Вардар денеска ќе го прослави својот 65. роденден, „црвено-црните“ во 18.30 часот ќе го пречекаат Алкалоид, а скопското дерби ќе послужи и како добар повод за собир и роденденска забава на двократниот европски шампион.
Куп-трофејот е веќе освоен, титулата е на дофат, а „вардарци“ се дел и од четвртфиналето од Лигата на Европа на ЕХФ каде за противник ќе го имаат Монпелје од Франција.
„Црвено-црните“ планираат добра забава, па најавено е дека фан-зоната ќе биде поставена пред главниот влез на салата „Јане Сандански“ каде навивачите ќе можат да почнат да се собираат од 16.30 часот.
„Фан-зоната денеска ќе биде поставена на платото пред салата, токму пред главниот влез, каде што сите посетители ќе можат да бидат дел од јубилејната атмосфера уште пред првиот судиски свиреж. 🎉🔴⚫
Од 16,30 часот таму ќе започне загревањето за натпреварот, ќе почне прославата и ќе се собира црвено-црната енергија пред големото дерби меѓу Вардар и Алкалоид. 🔥
Натпреварот се игра од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ 🏟️, а клубот ги повикува сите навивачи да дојдат порано и да бидат дел од овој посебен ден. Во фан-зоната ќе има многу забава, подароци и наградни игри од нашите спонзори 🎁, како дополнување на славеничката атмосфера по повод 65 години од клубот. 🎂
Затоа, дојдете порано. Дојдете со друштво, со семејството, со вардаровите бои и со глас за поддршка. ❤️ Да го направиме просторот пред „Јане Сандански“ вистинска вардарова зона, а потоа заедно да ја пренесеме таа енергија и на трибините. Денеска не се игра само важен натпревар – денеска се слават 65 години Вардар, традиција, припадност и љубов кон клубот. 🏆
Се гледаме на платото пред главниот влез.
Се гледаме во фан-зоната.
Се гледаме во „Јане Сандански“.
За Вардар. За историјата. Заедно. ❤️🔥
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
