Машката и женската кадетска репрезентација на Македонија по третпат победија на Светското училишно првенство во ракомет. Кадетките беа подобри од Словачка со 28-13 и како првопласирани одат во четвртфинале, додека пак кадетите ја совладаа Република Српска со 25-27 и се на чекор до пласман во полуфинале.
Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска, денешниот натпревар помеѓу Македонија и Словачка во женска конкуренција го проследи со амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
По завршување на натпреварот Македонија и Словачка направија заедничка фотографија за долго сеќавање и потврда дека спортот секогаш обединува, дека фер-плеј играта е поважна од резултатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
