Имаше македонскиот тренер Ѓоко Хаџиевски опстанок во раце во бугарскиот шампионат. Со неговиот Спартак од Варна имаше победа во џеб во клучниот меч против Берое, но не издржа. Во финишот гостите успеаја со два гола да дојдат до триумфот, и така сега наместо разликата да биде седум бодови, сега е само еден поен.
Кошмарен старт имаше Спартак Варна. Во 5. минута Иванов доби црвен картон, и 85 минути со 10 играчи вистинска битка за бодови. Но, тоа не ги поремети избраниците на Хаџиевски да дојдат до предност. Жота Лопес стрела во 14. минута за водство.
Предноста траеше се до финишот. Во 82. минута Берое ја искористи бројчаната предност на теренот, успеа да израмни, а четири минути подоцна Аларкон да донесе и целосен пресврт.
Така сега Спартак Варна е еден бод над опасната зона и до крајот му претстои жестока битка за да остане во најдобрата лига на Бугарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
