Ти-Џеј Шортс, МВП на плејинот во Евролигата

Ти Џеј Шортс се мачи да остави поголема трага во Панатинаикос, но македонскиот репрезентативец покажа за што е способен, блескајќи на клучниот меч за пласман во плејофот во кој ПАО го совлада тимот на Монако.

Шортс беше лидер на „зелените“ на овој натпревар, предводејќи го тимот со 21 постигнат поен (8/11 за два поени, 1/2 за три и 2/2 од линијата за слободни фрлања).

Зад името на Шортс останаа запишани и три скока, две асистенции, една украдена топка и три изнудени прекршоци, за вкупно 24 индексни поени, со што Ти-Џеј беше избран за МВП на плејин фазата од Евролигата.

Останува да се види дали македонскиот репрезентативец ќе продолжи во ист ритам и во плејофот, во кој ПАО за противник ќе ја има екипата на Валенсија.

Се вчитува...