ПРЕСИНГ: „Бугарите не испокрадоа во Софија, им кажавме тогаш дека повеќе нема да играме таму!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, гости два члена на златните години на македонската кошарка кога дојдовме и до четвртото место во Европа, тогашниот директор на КФМ, Илија Мерџановски како и еден од најдобрите кошаркари во македонската историја, Тодор Гечевски.

Осврнувајќи се на бројни теми од домашната кошаркарска сцена, Гечевски се потсети и на деновите на создавање на победничката генерација на македонската репрезентација која се калеше и преку бројни пријателски турнири на Балканот. Мерџановски и Гечевски сведочат и за грабежот кој секогаш се случувал на гостувањата во Бугарија, кој кошаркарите јасно ставиле до знаење дека повеќе нема да играат во Софија.

„Ние кога дојдовме во федерацијата и договаравме подготвителни натпревари во Бугарија, се заколнаа играчите еднаш таму, откако не испокрадоа во Софија, ми рекоа, директоре, повеќе не одиме, нема да играме во Софија“ – сведочи тогашниот директор во Кошаркарската федерација на Македонија, Илија Мерџановски.

На сето тоа се надоврзува и Тоше Гечевски…

„Апсолутно немаше сврха играњето во Бугарија. Мислам, немавме ние проблем, ни со играчите, ниту на било каква политичка основа, меѓутоа судиите таму правеа се само Бугарија да победи. Така им беше системот направен на подготовки, никогаш не одеа на гости, туку секогаш играа само дома. И, мораше таму само тие да победат. Да, имаше периоди кога беа тие и подобри, па регуларно победуваа. Значи, не е тоа ништо спорно. Меѓутоа на крајот веќе бевме крајно доминантни, многу поквалитетна екипа.А, не ви дозволуваат да победите. Па, ни дојде преку глава. И, викаме директоре, тука повеќе не доаѓаме!“ – раскажува Гечевски за годините на формирањето на националниот тим.

==================================================
ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ТОДОР ГЕЧЕВСКИ И ИЛИЈА МЕРЏАНОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….

Се вчитува...