Македонија ЃП има водство од 2-1 против Работнички на половина час до крајот на денешниот натпревар од 29. коло во ПМФЛ.
А, по оние 1-0 на полувремето, сега „лавовите“ водат со 2-0 благодарение на извонредниот соло-продор и прекрасен гол на младиот 16-годишен Мартин Џангаровски.
Репрезентативецот на Македонија до 17 години, уште еднаш го демонстрираше сиот свој потенцијал, мајсторски постигнувајќи го својот прв прволигашки гол во дресот на Македонија ЃП…
Сепак, во 68.минута Муарем погоди за Работнички за намалување на предноста на домашните на 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
