Македонија ЃП запиша огромна победа во битката за опстанок против директниот конкурент Работнички во 29. коло од Првата македонска фудбалска лига.
На дуелот во Ѓорче Петров, „лавовите“ победија со 2-1 и сега се доближија на само еден бод од Работнички на табелата, и два бода помалку од Пелистер.
Домашните до предноста дојдоа благодарение на раниот гол уште во 2.минута од средбата. Стрелец на погодокот беше Колумбиецот Кабаркас, за кого ова беше деби гол во дресот на тимот од Ѓорче Петров…
А, по оние 1-0 на полувремето, во второто полувреме „лавовите“ поведоа со 2-0 во 63. минута, благодарение на извонредниот соло-продор и прекрасен гол на младиот 16-годишен Мартин Џангаровски.
Репрезентативецот на Македонија до 17 години, уште еднаш го демонстрираше сиот свој потенцијал, мајсторски постигнувајќи го својот прв прволигашки гол во дресот на Македонија ЃП…
Во 68.минута од средбата, Мухарем Сухељ погоди за Работнички за намалување на предноста на домашните на 2-1. Но, тоа беше се од гостите, кои не успеаја, и покрај силните обиди во финишот, да дојдат барем до бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
