Ливерпул го победи Кристал Палас во меч во кој го видовме и најсрамниот гол во историјата (ВИДЕО)

Ливерпул го победи Кристал Палас со 3-1 во 34. коло од Премиерлигата, во меч во кој го видовме и можеби најсрамниот гол во историјата на англиската лига.

Ливерпул без никакви проблеми поведе со 2-0 на мечот со головите на Исак во 35. минута и Робертсон во 40. минута.

Но, во вториот дел, Кристал Палас намали на 2-1 со веројатно најсрамниот гол во историјата на Премиерлигата. Муњоз постигна гол во моменти додека домашниот голман лежеше на теренот поради повреда. Но, тоа не му пречеше на гостинскиот играч да стрела во празната мрежа и да го слави погодокот.


Сепак, во финишот со голот на Вирц, Ливерпул само ја печатираше заслужената победа.

Се вчитува...