ВТОРА ЛИГА: Продолжува жестоката битка за врвот – Победи за четирите водечки!

Продолжува жестоката битка во Втората македонска фудбалска лига за првото место на табелата и промоцијата во елитното друштво следната сезона.

Во 26. коло од првенството, победи за четирите водечки екипи, Брегалница, Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново.

Брегалница ја победи Слога Виница со 4-1 и го зачува врвот од табелата со 61 бода. На делба на втората позиција, пак, се Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново, сите со по 59 бода.

Во денешното коло, Охрид славеше со 1-2 на гостувањето против Тетекс, Шкендија Арачиново го победи Кожуф во Гевгелија со 0-1 а Скопје славеше на гостувањето против Преспа со 0-2.

Во останатите натпревари, Каменица Саса го победи Големо Коњари со 1-0, а Осогово со убедливи 1-8 триумфираше на гости против прилепска Победа. Беласица на гости славеше против Вардар Неготино со 1-4, а единствено без победник (1-1) одиграа Новаци и Детонит Плачковица.

Се вчитува...