Одличен настап за македонските репрезентативци Милан Ристовски, Тихомир Костадинов и Андреј Стојчевски во најсилниот шампионат на Чешка.
Офанзивецот Милан Ристовски имаше извонреден натпревар, издвојувајќи се како најдобар фудбалер на мечот во победата на Бохемијанс од 2-0 против големата Спарта Прага.
Ристовски најпрво во 60. минута стрелаше за водство од 1-0 на својот тим…
Bohemians se ujímají vedení! 🦘🔥 pic.twitter.com/wdw7vWWaCT
— Chance Liga (@chanceliga) April 25, 2026
А, потоа во 62. минута повторно беше најзаслужен и за триумфот од 2-0, откако по неговиот удар со глава и одбиената топка, Хулка погоди за 2-0.
Důraz se vyplatil a Bohemians v malém pražském derby vedou už 2:0! 🤯😎 pic.twitter.com/7vDzvpeMjw
— Chance Liga (@chanceliga) April 25, 2026
Тихо Костадинов, пак, беше асистент за Словачко, но неговиот тим загуби со 1-2 од Дукла Прага во мечот во кој во одбраната на Словачко, целиот натпревар го одигра и Андреј Стојчевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
