Ракометарите на Е. Пелистер, откако ги загубија претходно битките за трофеј во домашните натпреварувања, сега во трка единствено за втората позиција на табелата со Охрид, славеа убедливо против Тиквеш во плеј-офот со 44-23.
Уште во првото полувреме, кое им припадна на битолчани со 22-13, беше јасно кој е кој на натпреварот. Вториот дел беше само рутина за конечна победа на „пелистерци“.
Најефикасен во победничкиот тим беше репрезентативецот Петар Атанасијевиќ со 100% ефекти и 11 гола од исто толку шутеви. Со шест гола заврши Калајџиоски, а по пет погодоци запишаа Видомски, Кузмановски и Тајник.
Кај поразените се издвоија Томче Стојановски со седум гола и Мијушковиќ со пет погодоци.
Во плеј-аут разигрувањето, Прилеп убедливо славеше против Радовиш со 40-26. Куманово, пак, триумфираше на гостувањето против Струга со 25-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
