Феникс загуби од Чаир и ја напушта елитата, Работнички се спаси

Кошаркарите на Чаир 2030 дојдоа до убедлива победа од 76-63 против Феникс 2010 со што е ставена точка на сите надежи на екипата на Феникс за опстанок во елитното друштво.

На коло пред крајот од Плеј-аут лигата отстранета е и последната дилема. По поразот на гостувањето во Чаир, екипата на Феникс 2010 ги загуби и теоретските шанси за опстанок во најсилното сениорско натпреварување.

И заедно со екипите на Ангели и Гостивар во следната натпреварувачка сезона ќе бидат дел од Првата македонска лига.

Во мечот кој мораше да го добијат, кошаркарите на Феникс 2010 беа подобри од Чаир 2030 само во првата четвртина во која водеа, но со минимални (15-13).

Се друго до крајот на дуелот во салата „Шабан Трстена“ беше на страна на чаирчани.

Во победничкиот тим страндардно добро одигра Билингсли, кој дојде до нов дабл-дабл, од 22 поени и 12скока. Одлично беше изданието на Саити, кој заврши со 21 поен. Двоен број кај поените и асистенциите имаше Тачи, кој имаше 14 поени подели и 16 асистенции до соиграчите, ист број на поени додаде и Реџа (плус и осум скока).

Кај Феникс 2010, кој останува на ефект (9-17), Рахама заврши со 14 поени, Ниах имаше 11.

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА – МАЖИ (ПЛЕЈ-АУТ)

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО

Ангели – Гостивар 80-94

Чаир 2030 – Феникс 2010 76-63

26.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

18.00: МКК Куманово – Работнички

Спортска сала во Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NQSPNlMAdAM?si=FjlNck3TZYYOZeFk

ТАБЕЛА

1.Чаир 2030 26 13 13 2112:2175 39

2.МКК Куманово (-1) 25 13 12 2050:1988 38

3.Работнички (-1) 25 11 14 2086:2033 36

4.Феникс 2010 26 9 17 2049:2117 35

5.Гостивар 26 8 18 1961:2084 34

6.Ангели 26 2 24 1666:2296 28

Се вчитува...