Горди на двете полуфиналиња на Македонија на СП во училишен ракомет

Како Федерација на училишен спорт на Македонија не можеме да бидеме погорди. И двете кадетски репрезентации на Македонија се пласираа во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет.

И на двата натпревари трибините во салите „Македонски Херои“ и „Македонско Сонце“ беа исполнети. Среќни сме за што овој прв историски голем настан за спортска Македонија во рамки на училишен спорт има голема заинтересираност. Денеска нашите две селекции имаа поддршка од бројни македонски легенди.

Кадетките во четвртфиналето ја победија селекцијата на Бразил со 19-18. Во полуфиналето Македонија ќе игра против Турција.

Кадетите со победа ја завршија групната фаза, во последниот натпревар беа убедливо подобри од Бразил со 23-11. Во полуфиналето Македонија ќе игра против Србија.

Честитки и за двете репрезентации, одиграа борбено и храбро.

Полуфиналните средби на програмата се утре во салата „Македонско Сонце“.

Женското полуфинале помеѓу Македонија и Турција стартува во 10:30 часот.

Машкото полуфинале помеѓу Македонија и Србија стартува во 12:30 часот.

Се гледаме утре!

Се вчитува...