Македонската репрезентативка во џиу џицу, Катерина Ацевска, оствари одличен резултат стигнувајќи до третото место на престижниот сениорски гран-при турнир што се одржуваше во Париз.
Таа се рехабилитираше од незгодната повреда на стаполото и со одличните борби во Париз покажа дека се враќа во топ-форма, за атак на уште подобри резултати во иднина.
Таа забележа две победи, над Хермансен од Данска со 21-10 и над Шварцебат од Австрија со 19-7, а единствениот пораз го претрпе во битката со Германката Лоте (3-11).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
