Македонскиот ракомет има иднина: Кадетките влегоа во финале

Кадетската женска репрезентацијата се пласираше во финалето на Светското првенсво во училишен ракомет, откако во полуфиналето беше подобра од Турција со 29-22.

Турчинките водеа со четири гола разлика во првиот дел, но на крајот успеаја да дојдат до нерешено по првиот дел 12-12. Во второто полувреме кадетките ја презедоа контролата, и стигнаа до победа на крајот, која ги носи во големото финале и ќе играат за пехар.

Најефикасна беше Ивана Трифуноска која постигна девет голови, додека Димоска постигна четири голови.

Финалето се игра утре во 14:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје против селекцијата на Хрватска.

Се вчитува...