Сабаленка се мачеше, но ја мина Осака во Мадрид

Најдобрата тенисерка во светот успешно го продолжува походот кон трофејот на ВТА мастерсот од серијата 1000 кој се игра во главниот град на Шпанија, Мадрид.

Сабаленка денеска во неверојатен меч во кој се сретнаа две повеќекратни гранд-слем шампионки како дел од осминафиналето на турнирот во шпанската престолнина славеше против Јапонката, Наоми Осака со 2-1, по сетови 6-7, 6-3 и 6-2.

Во четвртфиналето Белорусинката за противник ќе ја има Американката Хејли Баптист која беше подобра од Белинда Бенчиќ од Швајцарија.

 

Се вчитува...