Големи проблеми за Атаман пред стартот на плеј-офот во Евролигата

Сериозен удар за Панатинаикос пред најважниот дел од сезоната. За време на тренингот во Валенсија, капитенот на тимот, Костас Слукас, се повреди, што предизвика загриженост во редовите на „зелените“ пред почетокот на плејофот од Евролигата.

Според информациите, искусниот плејмејкер почувствувал болка во коленото за време на една од вежбите и веднаш престанал да работи. На прв поглед веќе беше јасно дека ситуацијата не е безопасна, а дополнителните прегледи ги потврдија сомневањата бидеќи станува збор за повреда на менискусот.

Ова практично значи дека Слукас нема да му биде на располагање на тренерот Ергин Атаман за претстојната серија против Валенсија, што е голем хендикеп за тимот од Атина.

Некои извори споменуваат можност за операција, што дополнително го доведува во прашање продолжението на неговата сезона. Сепак, од клубот сè уште се очекува официјална потврда и попрецизни информации за сериозноста на повредата.

Се вчитува...