Фудбалерите на актуелниот шампион на Македонија, Шкендија доживеа изненадувачки пораз на домашен терен 2-3 од Башкими во последниот натпревар од 29. коло од Првата фудбалска лига на Македонија.
Тетовци стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Тамба во 5. минута од натпреварот. Гостите израмнија на 1-1 преку Аворнио во 9. минута. Никел со прекрасен гол направи целосен пресврт (1-2) во 35. минута, додека истиот фудбалер зголеми на 1-3 во 38. минута гол за кој ќе има полемики дали беше во офсајд фудбалерот на Башкими.
Во вториот дел домаќините намалија на 2-3 преку Бесарт Ибраими во 65. минута, но тоа беше се што успеаја да направат тетовци до крајот на мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
