Сомнителна ситуација во Тетово: Дали Шкендија беше оштетена против Башкими?

Фудбалерите на актуелниот шампион на Македонија, Шкендија изненадувачки имаат негатива од 1-3 на полувреме против Башкими во последниот натпревар од 29. коло од Првата фудбалска лига на Македонија.

Многу полемики ќе донесе третиот погодок на гостите кој беше дело на Ор во 38. минута. Неговиот соиграч делумно беше во офсајд, но главниот судија по проверка со ВАР одлучи дека не влијаел на акцијата.

Се вчитува...