Неверојатен натпревар ни приредија легендинте на светскиот снукер Рони О’Саливен и Џон Хигинс во второто коло на Светското првенство кое што се игра во легендарниот Крусибл театар во Шефилд.
Најдобриот снукер играч на сите времиња имаше се во свои раце бидејќи во втората сесија вчера во еден момент имаше огромни 9-4. Сепак, изгуби некои фрејмови кои што не требаше, а Шкотланѓанецот со одлична игра вчера, а посебно во денешната сесија стигна до трилер победа од 13-12.
Во четвртфиналето Хигинс за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Нил Роберстон и Крис Вејклин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
