Фудбалерите на Шкендија незадоволни од судиските одлуки имаа што да му кажат на Бафто по мечот (ВИДЕО)

Фудбалерите на актуелниот шампион на Македонија, Шкендија доживеа изненадувачки пораз на домашен терен 2-3 од Башкими во последниот натпревар од 29. коло од Првата фудбалска лига на Македонија.

Многу полемики ќе донесе третиот погодок на гостите кој беше дело на Ор во 38. минута. Неговиот соиграч делумно беше во офсајд, но главниот судија по проверка со ВАР одлучи дека не влијаел на акцијата.

По мечот разочарани од одлуката фудбалерите на Шкендија тргнаа кон главниот судија Фатмир Бафто, а мораше да интервенира полицијата како тој и неговите помошници сигурно ќе го напуштат теренот во Тетово.

Се вчитува...