Младинското репрезентативно крило, Ненад Белистојаноски, од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на првиот тим на Е. Пелистер.
Тој се обврза на договор до јуни 2028 година со битолчани. 21-годишното десно крило е родено во Прилеп, но целосно се изгради како ракометар во Битола, ги прескокна сите скалила и дојде пред вратите на сениорскиот тим.
„Нашиот проект да имплементираме квалитетни млади ракометари кон сениорскиот тим продолжува. Како и минатите сезони, така и оваа, промовираме ракометари од развојниот Е. Пелистер 2 во тимот кој се бори за титули – Е. Пелистер. Официјалното претставување на Белистојаноски како член на Еурофарм Пелистер е предвидено на почетокот од подготовките за следната сезона“ – информираат „пелистерци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
