Чудо во Мадрид: Спаси шест меч топки и ја елиминираше Сабаленка

Денешната програма на ВТА турнирот во Мадрид донесе огромно изненадување откако првата носителка Арина Сабаленка беше елиминирана од Хејли Баптист со 1-2 во сетови.

Сабаленка допатува во шпанскиот главен град како апсолутна фаворитка, со само еден претрпен пораз од почетокот на годинава. Таа беше во серија од 15 победи, поведе со 6-2 во првиот сет и се чинеше дека пласманот во полуфиналето ќе биде рутински осигуран.

Тогаш Баптист влезе во ритам, го доби вториот сет со 2-6, а потоа и одговори на предизвикот во тајбрејкот во решавачкиот сет, добивајќи го со 6-8.

Американката спаси пет меч топки на фаворитката при 5-4 во третиот сет, потоа и уште една во тајбрејкот и на крајот стигна до најголемата победа во кариерата.

Се вчитува...