Словачкиот селектор Фернандо Гурич го објави списокот од 20 ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на претстојниот бараж дуел со Македонија, за билет за ракометниот мундијал што следниот јануари ќе се одржи во Германија.
Најбројни се членовите на шампионот Татран Прешов, дури пет, а на списокот на словачкиот селектор се најдоа и тројца повратници по повреди, пивотот Сергеј Петриченко кој настапува во полското првенство, бекот Марко Јурковиќ од Тореваљега и крилото Давид Мишович од германскиот второлигаш Десау.
Првиот натпревар од овој бараж двомеч ќе се игра на 14 мај во Прешов, а реваншот е закажан за 17 мај во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
