Синер продолжува да доминира во Мадрид

Најдобриот тенисер на денешницата Јаник Синер продолжува со доминантните партии сезонава на Мастерс турнирите. Откако ги освои Индијан Велс, Мајами и Монте Карло, тој успешно чекори и кон титулата во Мадрид.

Денеска во четвртфиналето Италијанецот славеше со максимални 2-0 по сетови 6-2 и 7-6 против младиот домашен тенисер Рафаел Ходар.

Во полуфиналето Синер го чека подобриот од дуелот меѓу Артур Фис од Франција и Чехот Јиржи Лехечка.

Се вчитува...