Ракометарите на актуелниот европски шампион Магдебург ги решија сите дилеми околу нивниот пат на Ф4 турнирот во Келн откако вечерва стигнаа до убедлива победа на гостувањето во Унгарија кај Пик Сегед со … во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.
Откако по првиот дел Германците имаа само еден гол позитива 14-15, одиграа фуриозно во вториот дел и на крајот заслужено стигнаа до триумф од 28-35. Гисли Кристијансон и Албин Лагерген со по седум гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 9 гола на Марио Шоштариќ.
Во вториот четвртфинален натпревар Спортинг Лисабон и Алборг одиграа без победник 31-31. Франциско Кошта со 12 гола беше прво име кај домаќините, додека кај гостите Томас Арнолдсен постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
