Најголемото македонско ракометно дерби помеѓу Вардар и Пелистер, кое требаше да се одигра претстојната сабота, е одложено за наредниот четврток (7 мај) со почеток во 17 часот.
Битолскиот клуб одлучи да го прифати барањето на „црвено-црните“ за промена на терминот, со цел да му овозможи на актуелниот шампион подобра подготовка за реванш-дуелот од Лигата на Европа против Монпелје.
Вардар на 5 мај во СЦ „Јане Сандански“ ќе се обиде да ја анулира негативата од десет гола против францускиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
